
Со цел објективен приказ на состојбата на грамофонските плочи и придружните материјали, винил.МК имплементира процес на инспекција кој цели кон отстранување на субјективноста при оценувањето.
Процесот вклучува повеќе фази, следствено:
При преземање на медиумот, секоја плоча се отстранува од придружните материјали и се разгледува под силна светлина со цел утврдување на наредните чекори. Зависно од утврдениот наод, плочата понатаму оди кон еден од процесите за чистење.
Омотот на плочата и придружните материјали се разгледуваат со стакло за зголемување со цел утврдување на потенцијалните проблеми. Доколку постои можност за корегирање на проблемите без дополнителни оштетувања, истите се подложуваат на понатамошен третман (ова вклучува отстранливи дамки, корегирање на расцепувања во омотот итн).
Времетраење - 0.25 работен час по плоча.
Зависно од состојбата на плочата, секоја од нив се подложува на еден од четири (4) достапни процеси за чистење.
Во овој процес се користат две различни машини, Pro-Ject VC-S или Okki Nokki One. Обете машини се длабински модифицирани со цел зголемување на капацитетот за вшмукување, а во случајот на Okki Nokki, специфична чинија со цел намалување на загадувањето на чистата страна.
Допонително, секоја од користените течности се користи со различна, наменета цевка за вшмукување со цел избегнување на крос-контаминација.

Процесот ги вклучува следните фази:
По завршување на двете страни, плочата се сместува во нов антистатички внатрешен омот, типично MFSL (доколку надворешниот омот има доволно простор) или Katta (доколку надворешниот омот нема доволно простор.
Средствата за чистење вклучуваат, по потреба, Pro-Ject Wash It, Mobile Fidelity Super Record Wash, L'Art Du Son и подготвен производ по рецепт на London Jazz Collector.
Времетраење - 0.25 работен час по плоча.
Во овој процес се користи Humminguru, машина за ултразвучно чистење на грамофонски плочи со модифициран излезен степен со цел достапност на варијабилна излезна фрекфенција, модулирана околу 40kHz.
Процесот ги вклучува следните фази:
По завршување на двете страни, плочата се сместува во нов антистатички внатрешен омот, типично MFSL (доколку надворешниот омот има доволно простор) или Katta (доколку надворешниот омот нема доволно простор.
Времетраење - 0.25 работен час по плоча.
Во овој процес се комбинираат двата претходно наведени процеси, со цел комплетно завршување на длабинско чистење. Прв процес е процесот со вакуум машина со сите наведени чекори, по што следува процесот на ултразвучно чистење.
По завршување на двете страни, плочата се сместува во нов антистатички внатрешен омот, типично MFSL (доколку надворешниот омот има доволно простор) или Katta (доколку надворешниот омот нема доволно простор.
Времетраење - 0.5 работен час по плоча.
Овој процес е во голема мерка идентичен на претходниот процес, при што се вклучуваат и вакуум машина и ултразвучна машина, со тоа што на двата овие процеси им претходи длабинско претчистење.
Длабинското предчистење се врши со течности на база на активни ензими, и тоа специфично Mobile Fidelity Super Deep Cleaner и Mobile Fidelity Plus Enzyme Cleaner. Наменето е за плочи кои биле подложени на неправилно чување при што се следи појава на длабоки дамки, налепи и мувла.
Првичниот чекор вклучува потопување на плочата во средство за длабинско чистење, по што истата се подложува на останатите два процеси.
По завршување на двете страни, плочата се сместува во нов антистатички внатрешен омот, типично MFSL (доколку надворешниот омот има доволно простор) или Katta (доколку надворешниот омот нема доволно простор.
Времетраење - 1.0 работен час по плоча.
По завршување на чистењето, плочата и придружните материјали се подложуваат на фотографско документирање и утврдување на состојбата.
Фотографиите се вршат со фиксирање на медиумот во соодветен склоп со цел еднакво и правилно осветлување.

Утврдување на деталите се врши со соодветни покажувачи со цел јасна демаркација.

Доколку има потреба за утврдување на потешко видливи оштетувања и артефакти, во процесот се вклучува статичен високопојасен микроскоп.

Во текот на документирањето, во просек се утврдуваат 5-10 фотографии по плоча.
Времетраење - 0.25 работни часа по плоча.
Последната фаза вклучува објективно утврдување на состојбата на плочата и придружните материјали. Овој чекор се врши со вклучување на алатка за автоматизирано оценување на плочите, усогласена со Goldmite Record Grading Standard.
По завршување на оценувањето, фотографските докази заедно со придружните информации се објавуваат на винил.МК. Секој од медиумите индивидуално е означен со уникатен QR код кој овозможува директен пристап на доказите за тоа конкретно издание.
Самата плоча е обележана со неоштетувачка самолеплива етикета - примерок е прикажан подолу.

Времетраење - 0.25 работни часа по плоча.