Стандарди

Низ годините, Goldmine водичот за оценување на грамофонските плочи се воспостави како најшироко прифатен стандард врз основа на кој се утврдува објективната состојба на грамофонската плоча и соодветното пакување.

Во основа, винил.МК се потпира на строга примена на истиот, што подразбира визуелно оценување. Доколку оценување во текот на репродукција е вклучено во инспекцијата, тоа ќе биде посебно назначено.

Mint (M)

Плочата се смета за совршено изработена и зачувана во секој поглед. Површината на плочата е идеално чиста, не се видливи никакви оштетувања под посредно и непосредно осветлување, ниту оштетувања при печатењето како non-fill.

Обвивката на плочата е без никакви оштетувања, со идеални агли, и целосно зачувана боја и структура на материјалот. Нема никакви вдлабнувања ниту оштетувања на бојата или дизајнот. Доколку плочата е фабрички запечатена, надворешниот заштитен слој на обвивката мора да биде беспрекорен.

Во овој контекст може да се користи и изменувачот M- со цел да се покажат ситни проблеми кои не ја задоволуваат оцената M, но не се доволно сериозни за премин во наредната оцена.

Near Mint (NM)

Соодветен опис за плоча која се оценува како NM е "изгледа како само што стигнала од продавница за плочи и во моментов е отпакувана за прв пат". Со други зборови, се работи за речиси совршена состојба.

Плочата е сјајна, без видливи оштетувања. На етикетата не смеат да се покажуваат никакви писанија, ознаки или налепници. Етикетата не смее да има оштетувања од осовината на грамофонската чинија (spindle marks). Фабрички дефекти не се присутни - тука се вклучуваат и случаи каде плочите се печатени вон центарот. При репродукција, не смее да има ни назнака на површинска врева (surface noise).

Обвивката не смее да има вдлабнатини, големи оштетувања на аглите, прстенести трагови (ring wear) ниту расцепени рабови. Истото се однесува и на сите дополнителни материјали вклучени во обвивката, како внатрешни обвивки, постери, додатоци и останато.

Ова се високи стандарди, но клучно е да се следат во целост без разлика на староста на плочата и обвивката.

Во овој контекст можат да се користат и изменувачите NM+ или NM- со цел да се покажат ситни проблеми кои не ја задоволуваат оцената NM, но не се доволно сериозни за премин во наредната оцена.

Very Good Plus (VG+)

Солиден опис за плоча која е окарактеризирана со VG+ состојба е "доколку не постојат неколку ситни проблеми, оваа плоча би била NM". Звучно, VG+ задоволува голем дел од колекционерите кои редовно ги слушаат своите плочи.

Плочите со оваа оцена можат да покажуваат ситни знаци на стареење, вклучително и лесни оштетувања и плитки гребаници кои не влијаат на искуството при слушање. Мали нерамнини на плочата при ротација се прифатливи. Мали знаци на користење се прифатливи, исто така, како на пример оштетувања од осовината на грамофонската чинија, се додека дупката за осовината не ја изгубила својата кружна форма. Дозволени се и мали промени во однос на губење на боја, се додека се тешко приметливи.

Обвивката смее да има само ситни оштетувања по рабовите. Расцепен раб е прифатлив само ако е помал од 2цм и се наоѓа само на дното на обвивката која е најмногу подложна на оштетувања. Мали промени на обвивката во контекст на пишување или бележење. Исечок на еден од аглите е прифатлив.

Very Good (VG)

Несовршеностите кои се наоѓаат на плочи кои се оценети со VG+ се многу поочигледни на плоча која се оценува со VG.

Плочите со оваа оцена имаат многу поочигледни недостатоци од плочите во подобра состојба. Најчесто им недостасува свежината и сјајот на нова плоча. Истрошеност на браздата е видлива со голо око, како и гребнатини кои се доволно длабоки да се почуствуваат со нокт. При репродукција, слушлива е површинската врева - некои од гребаниците се слушливи, особено при тивки музички премини, особено при почеток и крај на индивидуалните нумери. Без разлика на наведеното, вревата не е погласна од музиката.

Ситни пишувања, леплива лента или налепници се можно присутни на етикетата.

Обвивките ќе имаат многу знаци од користење. Прстенести трагови во средината и по рабовите на обвивката се очигледно, но не се длабоки. Некои прекршувања може да се видливи. Некои подвојувања на припоите може да се видливи.

Во овој контекст може да се користи и изменувачот VG- со цел да се покажат ситни проблеми кои не ја задоволуваат оцената VG, но не се доволно сериозни за премин во наредната оцена.

Good (G)

Плочата свири без очигледни прескокнувања.

Слушлива површинска врева е присутна, заедно со видливи оштетувања на браздите. Етикетата е оштетена од користење, со значителни прстенести трагови, длабоки пишувања или очигледни оштетувања при грубо отсранување на леплива лента или налепници.

Обвивката има многу видливи прстенести трагови, видливи подвојувања на припоите и пишувања на обвивката и/или печат или ознака од корисник.

Poor (P) / Fair (F)

Значително оштетена плоча. Истата има пукнатини или скршеници, видливо искривување и слушливи и редовни прескокнувања при репродукција.

Обвивките се непостоечки или значително оштетени, до ниво на неупотребливост.